Во општина Лозово во тек е одржувањето на Ноќен турнир по мал фудбал. Главен организатор на оваа традиционална манифестација којашто се одржува во рамките на одбележувањето на Илинден е селото Дорфулија.
Турнирот започна на 13 јули а финалето ќе се одвива на први август.
„Учествуваат околу 24 екипи од општината и надвор од неа. Фондот за наградитее 280.000 денари. Првото место добива 150.000 денари, второто-80.000, трето -40.000 а парична награда од 10.000 денари ќе добие екипата што ќе го освои четвртото место,“ образложи градоначалникот на Општина Лозово, Бошко Цветковски.
Пред почетокот на турнир, со помош на донации, заменети се постоечките рефлектори со нови лед-рефлектори со што е решен проблемот со пад на напонот кој што се случуваше изминатите години, а беа обновени и боите на повеќенаменското игралиште.
фото-архива