Дворот на древната манастирска црква Свети Стефан во село Конче, беше сведок на уште една дружба, весели насмеани лица, распеани и разиграни детски срца, сплотеност и соживот на луѓето коишто со векови тука ја испишувале историјата на овој крај.
Тука во дворот, под сенките на огромниот јавор, се одвиваа дел од активностите со кои Општина Конче го одбележа својот ден, денот на Општината-Петровден.
Маси преполни со традиционални јадења направени од вредните домаќинки ги мамеа погледните на присутните. Баници, зелници, баклави, секакви слатки задоволства.
Убавата и пријатна дружба беше надополнета со нашето македонско оро, преточено низ вештините на младите играорци. Но ова беше само дел од активностите со кој општината го одбележа својот ден.
Забава -музика -спорт, впечатоците од овој Петровден ќе испишат многу спомени и уште една година во историјата на Општина Конче.