Поттикнување на младите да размислуваат за развивање на своите бизнис идеа, а Струмица да биде центар на младите, е цела на еден од актуелните проекти на Општината Струмица. Преку доделување на ваучери од 60.000 денари за младите со со најдобри бизнис планови, општината воведува пракса на вреднување на вредните идеи.
– Една од моите визии е Струмица да биде центар на младите и затоа една од првите работи со кои се зафатив беше поттикнување на младинското претприемништво со поддршка на старт-ап бизниси за млади, рече на свеченоста на доделување на ваучерите градоначалникот Костадин Костадинов.
На свеченоста и прогласувањето претходеше објавување на Јавен повик, двомесечна соодветна експертска обука за пријавените кандидати и претставување на бизнис плановите пред стручна комисија.
-Ќе продолжиме да ги поттикнуваме младите со нивните бизнис идеи за да имаме економски силна општина, рече Костадинов.