Концерти, велосипедска и планинарска тура, детска трка, качување на вештачката карпа, се содржините коишто ќе бидат дел од тридневниот хепенинг што во организација на ДПС Лисец и поддршка на Општините Штип и Карбинци ќе се одвиваат на Планината Плачковица, планинарски дом Вртешка.

Стартот е утре(петок) со Rok performance-Hot Line пред планинарскиот дом Вртешка. Веќе во сабота предвидено е искачување на врвот „Лисец“. Ќе се пешачи 18 километри од кои 750 метри искачување. За оваа искачување биле пријавени 50 лица.Предвидена е и спелеолошка акција, посета на пештерата Ќуп.

Како што велат организаторите, во оваа тура можат да се вклучат и помалку искусни планинари.

Вечерните часови се резервирани за музиката, во сабота Кентаур и Next Time.

 

МТБ тура велосипедизам, ќе се случува во недела  исто и Плачковица trail. За прв пат ќе се одржи и детска трка. Оваа трка ќе има ревијален карактер а победници ќе бидат сите коишто ќе ја завршат трката.

Во недела е предвиден и Open day, качување на вештачка карпа за почетници и авантуристи.

Вечерта е резервирана за концертот на Зарина Првасевда по што е предвиден и настап на DJ BAZZ.Организаторите велат дека за сите заинтересирани активирана е електронска апликација којашто може да се најде на фан пејџот на ДПС Лисец.

Организаторите информираат дека во организација на Извидничкиот клуб организиран е камп центар, каде што ќе може да се постават шатори.