Со силен ветер, град и поплави во една недела  се соочи Општина Лозово. Летаа настрешници, кровови, блокирани патишта, град со големина на орев и на крај полава предизвикаа огромни штети на земјоделските површини.

 

Според градоначалникот Бошко Цветковски, Општината ќе направи се што е во нејзина моќ, жителите кои речиси 90% се занимаваат со земјоделство, да ја добијат потребдната помош.

„Во првиот случај под налет на силен ветер имавме оштетен магацински простор, имавме оштетени настрешници и беше причинета сериозна материјална штета. Тој градежен шут беше паднат на патниот правец Милино-Лозово и патот беше блокиран во целост. Со целата расположлива механизација излеговме на терен и истиот го оспособивме за безбедно движење на жителите. Во вториот случај бевме погодени од силен гард со големина на орев, можеби и поголем од орев. Во тие моменти можевме да бидеме само неми сведоци на она што се случува, сведоци на апокалиптични сцени коишто до сега сме можеле да ги гледаме само на филм,“ образложи Цветковски.

Тоа како да не беше доволно, додава Цветков, за кратко време под налет на пороен дожд била предизвикана поплава во населените места Ѓуземелци и Милино, некаде на средината.

„Поплавата предизвика уништени нови лозови насади и блокиран патен правец. Со целата расположива механизација излеговме на терен и успеавме да го оспособиме патот за движење на граѓаните,“ вели Цветковски.

По невремето била свикана вонредна седница на Советот, на која била формирана комисија за проценка на штети, конкретно комисија за проценка на штети на земјоделски површини.

„Направивме два тима кои ќе бидат составени од по тројца советници, по еден член од општинската администрација и по еден член, според договореното со Министерот за земјоделие да ни биде обезбеден од Бирото за судско вештачење, за да можат овластени проценители да утврдат колкава штета се има случено на територијата на Општина Лозово. Направивме уште една комисија за проценка на штети на движен и недвижен имот. Ќе побараме од Владата  да им излезе во пресрет на земјоделците,“вели Цветковски.

Во Општина Лозово 90% од жителите егзистираат од земјоделие па поради тоа ,вели Цветковски, ќе се побара на итна вонредна седница да се разговарапо по однос на оваа прашање, да се елаборира за какви штети станува збор, да се делува со некој интервентен фонд, за да не се доведат овие оштетени семејства на работ на егзистенција.