Изминатата недела Општина Свети Николе парафираше уште еден договор за унапредување на животот во населеното место Мустафино.
Станува збор за Договорот за изградба на фекална канализација ( втора фаза ) во село Мустафино.
-Вкупната вредност на оваа фаза изнесува 6 454 273 денари од кои 3 000 000 денари се од Министерството за животна средина, додека близу 3,5 милиони денари се обезбедени од општина Свети Николе, соопшти градоначалникот Дејан Владев.
Како што е најавено од Општината, по спроведувањето на сите формалности кои произлегуваат со потпишаниот договор , ќе биде реализирана тендерска постапка за отпочнување со реализација на овој проект.