На лице место направен увид, констатирана опасност, се работи на целосно расчистување.
„Со Директорот на ЈПКД Лозово, излеговме на терен и извршивме увид на локацијата каде се наоѓа бунарот наменет за водоводната мрежа во населено место Дорфулија. Фекалната контаминација на водата за пиење може да биде причина за појава на хидрични епидемии,“ информира градоначалникот на Општина Лозово Бошко Цветковски.
Цветковски информира дека со цел спречување на евентуална епидемија, согласно препораките на Комуналниот Инспекторат, од страна на Локалната самоуправа во изминатиот период биле преземени конкретни мерки со цел отстранување на потенцијалната опасност..
„На лице место беше констатирано дека арското ѓубриво кое при услови на дожд навлегуваше директно во бунарот со што беше загрозено здравјето на граѓаните е отстрането,“ додава Цветковски.
Тој информира дека останат е уште мал дел кој се наоѓа во непосредна близина на бунарот , но и тој ќе биде отстранет во периодот што следи.
фото-фб,градоначалник о.Лозово