Општина Конче ќе биде дел од „Генералка Викенд 2022“, активност што во недела ќе се одржува во повеќе општини низ државата. Генералката ќе се одвива во викенд населбата и крајбрежјето на езерото Мантово. Целта ќе биде каде основна да се собере што е можно повеќе отпад кој ќе биде транспортиран до најблиската локална станица за отпад.
„Генералка викенд 2022“ е една од активностите кои ги спроведуваме за да придонесеме во подигнувањето на јавната свест за потребата од собирање и рециклирање на отпадот и позитивно да влијаеме за зачувување на животната средина.
Во склоп на акцијата за прв пат под покровителство на рудникот Боров дол и општина Конче ќе се изврши чистење на езерските води со искусни нуркачи од клубот за подводни дејности „Охрид“.
„Со секои 10 килограми отпад се добива едно дрвце за засадување преку Министерството за земјоделство и Министерството за животна средина и се придонесува во засадувањето на нови пристапни шуми,“информира градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристовски.
Тој упати апел до граѓаните од општината и но и граѓаните од соседните општини што помасовно да се вклучат во акцијата со цел за зачувување на природата и создавање на чиста животна средина.
Ацијата ќе се спроведува во недела од 9.30 до 13 часот.
Зборно место, Влашки колиби.