Предлог – Одлука за отпочнување постапка за доделување на договор за воспоставување на Јавно приватно партнерство за реконструкција на јавното осветлување во Општина Дојран преку воведување мерки за енергетска ефикасност според ЕСКО моделот е една од одлуките коишто беа донесени на деветата редовна седница на Советот на Општина Дојран.
Се расправаше и по уште десетина други точки. Беше усвоен годишниот извештај за реализација на Програмата за развој на Југоисточниот плански регион за 2021 година, Извештајот и завршната сметкај за работа на Доброволното противпожарно друштво ,,Дојран” – Нов Дојран за период од 01.01.2021 година до 31.12.2021 година
Утврдена е годишна програма за изградба на капацитетите за водоснабдување во Општина Дојран за 2022 година, Предлог – Одлуката за продолжување на работното време на угостителските објекти на подрачјето на Општина Дојран,
Предлог одлука за утврдување на референтна потрошувачка на електрична енергија за јавно освелување и референтини услови за експлоатација во Општина Дојран.
фото-фб