Со одлука на Советот на Општина Свети Николе, детското одморалиште во Стар Дојран, што е во општинска сопственост, ќе биде издадено за време на летната сезона од јуни до септември. За таа намена, направена е нова проценка на одморалиштето, а закупувачот покрај месечната кирија ќе има обврска да исплаќа плата и придонеси за еден вработен, што се води во одморалиштето, најави градоначалникот Дејан Владев.
-Одморалиштето е проценето на 17.489.209 денари, додека почетната цена 0.5% од проценетата вредност на целиот објект. Тоа значи 87.446 денари месечно почетна цена, а од закупувачот ќе се бара банкарска гаранција од 2%, што е околу 390.000 денари, изјави Владев на седницата.
Од страна на опозицијата беше посочено на внимателност на евентуални штетни членови од договорот, на што Владев одговори дека штом ќе биде составен договорот за закупувачот, ќе биде поделен и разгледан од советниците.