Општина Крушево ќе продава дел од постарите возила со цел заштеда во услови на криза.
На 10-тата седница на советот на општина Крушево се донесе одлука за оттуѓување на 3 возила во сопственост на локалната самоуправа.
„Со оваа одлука ќе заштедиме дополнителни средства во буџетот на општина Крушево. Не се работи за големи суми, но сепак во време на криза дополнително се осврнуваме кон штедење“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Општина Крушево своето работење го заснова на паметно менаџирање и штедење, вели градоначалникот Христоски, за да може средствата да се насочат онаму каде што најмногу е потребно во одреден момент.