Неверојатни 260 илјади евра инкасира Општина Дојран со продажбара на три градежни парцели, наменети за времено сместување.
На јавно наддавање за трите парцели со површина од 3 098, 3280 и 2 856 метри квадратни се пријавија голем број физички и правни лица а за првпат и странски инвеститори. На трите парцели кои беа наведени во Јавниот повик на општината се наменети за објекти кои треба да бидат со приземје и три ката односно околу половина од парцелите да бидат површина под градба. Почетната цена за метар квадратен на сите три парцели беше 523 денари но за дел од нив цените достигнаа и над 2 000 денари за метар квадратен.
Согласно повикот најповолните понудувачи во рок од 15 дена од денот кога ќе год добијат решението дека се избрани, треба да ги уплатат средствата и да се стекнат со право на сопственост и во рок од година дена треба да подигнат одобрение за градба согласно Урбанистичкиот план за Карач и законската регулатива во земјава
Ова не е првпат општина Дојран самостојно да продава градежни парцели во државна сопственост откако го доби правот за управување со истото. Пред речиси две години продаде 14 парцели за викендици.