Свети Николе го дочека Александар Стојков, која ја извози екс Југославија во чест на покојната мајка

Градот Свети Николе на плоштадот го пречека својот  сограѓанин Александар Стојков, кој ја заврши својата велосипедска тура низ 6 држави и помина 2500 км на велосипед во чест на неговата мајка Вера. Во оваа пригода, градоначалникот Дејан Владев на Стојков му врачи плакета од градот.

Стојков оваа аматерска вело тура ја возеше од 21 март до 5 април и ги пропатува поранешните југословенски републики во чест на мајка си, но и на сите кои ги загубија животите во пандемијата.

Идејата за ваков спортски предизвик, Стојков ја добил кога починала мајка му, бидејќи не успеал да го исполни ветеното, да ја прошета по местата каде што работи.

-Целта на оваа велосипедска тура беше возобновување на човечките вредности, подзаборавени или изместени во последно време, враќање на соработката, разбирањето и љубовта од секаков вид, кои некогаш ги имаа, а денес помалку ги практикуваат народите кои живеат на овие простори. Да покажеме дека границите може да ограничат еден простор или држава, но не можат да не делат и да не спречат да се почитуваме, вели Александар, кој ги помина сите места од неговото детство, сите важни места за семејството, но и за нас како држава, Македонија.