Општина Гевгелија распиша конкурс за стипендирање на студенти по медицина

Во тек е Конкурсот на Општина Гевгелија за доделување 5
стипендии на жители на општина Гевгелија- студенти запишани на
Медицинските факултети во државата (кои имаат запишано 1
семестар) во студиската 2021/2022 година. Право на аплицирање
имаат студентите кои се запишани на отсек Општа медицина.
Крајниот рок за поднесување на пријавите со потребната
документација е 8 април, 2022 година, до 16:00 часот, во Архивата
на Општина Гевгелија или по пошта, адресирани до Општина
Гевгелија, ул. „Димитар Влахов“ бр.4, 1480, Гевгелија, со назнака
„Конкурс за доделување стипендии на студенти на Општа
медицина“.
Конкурсот е распишан од страна на Комисијата за
образование, култура и спорт, по донесената Одлука на Советот
на Општина Гевгелија за доделување стипендии на студенти од
општина Гевгелија, запишани на Медицинските факултети во
академската 2021/22 година, а на предлог на градоначалникот на
општина Гевгелија, Андон Сарамандов. Висината на стипендијата
ќе изнесува 6.000 месечно, за 10 месеци во академската година.
Средствата ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Гевгелија,
а ќе се доделат согласно потпишаниот договор за стипендирање.