Ќе се асфалтираат приоритетните улици во Штип, но ќе бидат опфатени и остантите кои претставуваат проблем за граѓаните, најави штипскиот градоначалник Иван Јорданов при увидот на асфалтирањето на пристапната улица во с. Лакавица.
Од денеска Јорданов најави дека ќе почне асфалтирање на улица во населбата Света Недела.
– Секако дека ќе биде завршен и вториот асфалтен слој на улицата Панче Караѓозов, но сакам и да ги замолам сограѓаните за трпение бидејќи овие градежни активности ги реализираме со целосниот капацитет со кој располагаме, рече Јорданов потенцирајќи оти знае дека има проблематични улици, но ќе се оди по ред на приоритет.