Конче добива нов изглед, реконструирани бројни улици и се започна проект за дигитализација на општинските услуги, рече градоначалникот на оваа општина Златко Ристов, на отчетот , 100 дена од неговиот мандат.
Сн- „Заради ветувањето во предизборието и функционирањето на партијата, а секако и од поддршката на граѓаните на Општина Конче која ни ја дадоа се заложивме за транспарентно работење, ефикасна општина и за остварување на раст и развој на истата. Иако затекнавме загрижувачка состојба со долг од над 25 милиони денари, тоа не не исплаши и ни дава храброст дека се разликуваме од нашите претходници“, изјави Златко Ристов
Ристов посочи дека со неговото доаѓање комуникацијата помеѓу граѓаните и локалната самоуправа доби нов квалитет, односно општина за сите граѓани подеднакво без црни листи и црвени линии. Се започна проектот за дигитализација на општинските услуги. Одржувањето на јавната чистота и санирањето на дивите депонии се врши перманентно према капацитетите на ЈПКД Лакавица.
„Завршен проектот за реконструкција на довод со каптажи во с.Ракитец, направена реконструкција на потисен цевковод за село Габревци, во фаза на започнување е доградба на систем за фекална канализација во должина од 3,5 км во Конче, завршена реконструкција на дел од колектор на фекална канализација во село Долни Липовиќ, во завршна феза е проектот за реконструкција на локален пат село Д. Липовиќ-село Г.Липовиќ во должина од 3,6 км, изградба на улици 5,6 и 16 во с. Габревци со вкупна должина од 362 метри, започнување на проект за доградба на конаци во манастирот Св.Стефан-Конче“,рече Ристов.
Ристов нагласи дека грижата кон граѓаните претставува приоритет.
„Тука се и проектите кои што ги предвидовме за реализација во тековната 2022 година а тоа се следните: Уредување на јавните површини,тротоари и паркинзи за сите населени места за кои имаме вкупно предвидени 6 милиони денари, изградба на 4 улици во Конче со вредност од 4 милиони денари, изградба на улица во село Ракитец во должина од 1116 метри, доградба на конак во манастирот Св.Стефан во вредност од 3 милиони и 200 илјада денари“, истакна Ристов.