Нова противпожарна опрема за гаснење шумски пожари се очекува да довие TППЕ- Гевгелија, по завршувањето на тендерската постапка. Компанијата „Форес ДООЕЛ“- Скопје, која даде најповолна понуда на тендерската постапка и склучи договор со Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во текот на претстојниот период, ќе ги обезбеди пожарникарите, меѓу кои и од ТППЕ- Гевгелија, со лична противпожарна опрема за гаснење шумски пожари. Гевгелиските пожарникари се обезбедуваат преку проектот „Прекугранично справување со шумски пожари“ на Центарот за Југоисточен плански регион, во рамки на Програмата за прекугранична соработка Р. Бугарија- Р. Северна Македонија. Покрај набавката на опрема, се креира и прекугранична мрежа за спречување и одговор на опасности од природата и животната средина, во која ќе учествуваат претставници на општинските територијални противпожарни единици и волонтерските заедници од двете земји, чија цел е да се создаде добра координација и структура за превенција и соодветен одговор на катастрофите со посебен акцент на шумските пожари.
Гевгелиската противпожарна територијална единица преку Центарот за Југоисточен плански регион и Програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Грција, аплицираше за набавка на едно противпожарно возило за ТППЕ- Гевгелија, преку проект, кој е прворангиран на утврдената листа.