Проектот за реконструкција на пробиштипската Кино сала „Злетовски рудар“ е официјално завршен откако вчера со последната контрола од страна на комисијата од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието и руралниот развој е констатирано дека сите позиции и фази се завршени.
Финансиската поддршка за овој проект како што истакна градоначалникот Драган Анастасов изнесува 17 милиони денари обезбедени преку Агенцијата и три милиони за ДДВ од општината.
– Општина Пробиштип доби функционална кино сала со капацитет од 360 посетители и веќе од месец март ќе следуваат и првите културни настани. Особено ми е драго што конечно по една деценија ја вративме можноста за одржување на културни настани во нашата општина, со ставањето во функција на кино салата, но и на минеролошката збирка Домот на култура “Злетовски рудар” веќе ја доби својата целина и останува на службите, но и на невладините организации како граѓански здруженија максимално да го искористат инфраструктурниот потенцијал кој им е на располагање, рече Анастасов.