Во увид на работите на фекалната канализација во струмичко Банско, изминатата недела беше градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, заедно со министерот за транспорт и врски и мојот драг пријател, Благој Бочварски. И покрај зимските услови, интензивно се работи во Банско , каде за проектот ќе се заокружи со пречистителна станица за третман на водите.
-Од планираните 15 километри канализациона мрежа, досега се изведени околу 10 км. Вредноста на овој проект изнесува 42 милиони денари. За целосно функционирање на овој систем потребно е да се изгради пречистителна станица за третман на фекалните води пред да бидат пуштени во реката Водочница, а за која општина Струмица веќе има изготвено проект, кажа градоначалникот Костадинов.
Проектот е резултат на соработката што ја има општината Струмица со централната власт, односно Министерството за транспорт и врски. Министерот Благој Бочварски покрај овој проект, напролет очекува почеток на нов, кој ќе им го подобри животот на жителите на Градско Балдовци.
– Сакам да најавам дека оваа пролет започнуваме со изградба на фекален и атмосферски канализационен систем и за населеното место Градско Балдовци, со што решаваме уште едно многу значајно прашање за општина Струмица, изјави министерот Бочварски.
Градоначалникот Костадинов најави уште нови проекти од програмата за работа, кои како што рече, покажуваат дека за локалната, но и за централната власт е важно граѓаните да знаат каде завршуваат нивните пари.