Подобрување на услугите на граѓаните, водење на кампања за редовна наплата на услугите, одговор на поплаки и жалби на граѓаните со цел подобро извршување на дејностите и сервисирање на сите тековни финансиски обврски, ова се дел од приоритетите во годишната програма за работа за 2022-ра година усвоена на последната седница на Советот на општина Крушево.
„Комуна“ во 2022-ра година ќе работи на подобрување на процесот за собирање, транспорт, селектирање и депонирање на отпад. Ќе се направи обид за зголемување на бројот на садови за собирање на отпадот, а во согласност со Програмите на општина Крушево ќе работи на чистење и одржување на излетнички места и историски места, како и одржување и проширување на јавни зелени површини.
„Зголемување на нивото на чистота, хигиена, одржување и обогатување на зелени јавни површини во централното градско подрачје по претходно утврдена програма од страна на Советот на Општина Крушево.“, се вели во програмата за работа за 2022 за ЈП „Комуна“ Крушево.
Во однос на градските гробишта „Комуна“ ќе се стреми кон изградба на капела затоа што ваквата градба е од голема потреба, а претпријатието ќе се посвети и на проширување на градските гробишта за што е неопходна измена на деталниот урганистички план.
Во тековната година „Комуна“ ќе се вклучува во изградба на локални патишта, во рамки на надлежностите пропишани со статутот на општината. Планирана е изградба на 1000 до 1500 м2 локални улици и патишта, секако во согласност со финансиските можности.
Посебен фокус претпријатието ќе стави на финансиско работење, односно редовна и целосна наплата на услугите со цел подобро работење и одговор на потребите на граѓаните. Покрај наплатата, „Комуна“ се посветува на продолжување на тековните обврски. Исплатата ќе се врши тековно и нема д аима заостанување во плаќања кон доверителите. Во овој деј, особено важна е исплатата на обврските кон ЕВН која се води според спогодба потпишана во 2018-та година.