Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“- Гевгелија апелираат до граѓаните кои живеат во станбените згради, согласно Законот за домување, сопствениците редовно да ги одржуваат станбените згради и становите преку Куќните совети. Тоа подразбира справување со сите проблеми, меѓу другото и одржување на заедничките простории и делови на станбената зграда. За што солидарна обврска имаат сите сопственици на станбени единици. Односно, трошоците за тековното одржување се на товар на сите корисници на станови, издвојувајќи средства во висина што ја определува Куќниот совет.
-Доколку мнозинството сопственици не бидат согласни по предлогот на кој било сопственик за поправките и преправките на заедничките простории и делови што служат на зградата како целина, одлучува надлежниот Суд во вонпарична постапка. Ваквиот апел е поради честите случувања Општина Гевгелија и ЈПКД „Комуналец“ да интервенираат по одредени проблеми на колективните згради кои не се во надлежност за постапување, врз основа на барање на станари- поединци заради навремено спречување на несакани последици, а се во надлежност на Куќните совети, стои во известувањето од Општина Гевгелија.