Завршена е првата фаза на реконструкцијата на ,,Културниот дом” во Нов Дојран со покриен пазар. Во наредниот период следува внатрешна реконструкција и уредување на просториите.
По неколкугодишното стагнирање на работите поради нејасната намера на локалната власт, дали објектот да добие културна или економска функција, беше донесено решение, да останат и двете намени.
Дојранчани ќе имаат и културен објект но и затворен пазар. Веќе заврши првата фаза, следува уредувањето.