Брачниот пар Манчеви добија 100.000 денари од Општина Конче. Станува збор да реализирање на одлука со која секој новосклучен брак на лица над 35 години ќе биде збогатен со 100.000 денари за успешен почеток во заедничкиот животот.
Ваучерот на оваа млада брачна двојка, Снежана и Новица Манчеви им го предаде градоначалникот на Општина Конче, Златко Ристов.
„ Нека им е со среќа на Снежана и Новица Манчеви. Нека се вечни и вековити од Бога благословени,“ им посака Ристов.
Општина Конче доделува ваучер во вредност од 100 000 денари согласно програма за социјална заштита за склучување на брак на лица со возраст над 35 години.
Потребно е младоженците да живеаат во Општина Конче најмалку три години, за прв пат да склопуваат брак и секако потребен е доказ т.е да се приложи документ дека бракот им е склучен во 2022 година.
Оваа програма предвидува и еднократна помош од 10.000 денари за прво новороденче, 20.000 за второ и 30.000 денари за трето дете.
Целта на оваа програма е стимулирање на младите лица да останат во рамките на населените места во оваа општина како зголемување на наталитетот.