Капиталните проекти оставени од претходниот градоначалник на Град Скопје, Петре Шилегов за кои се слклучени догогодишни договори ќе мора да се реалзираат, рече актуелната градоначалничката на Град Скопје, данела Арсовска на денешниот бриф со новинарите.
Во самата програма на предлог буџетот на градот ставени се капиталните проекти, кои се склучени со повеќе годишни договори со кои што градот мора да ги реализара. Како што рече Арсовска, не е предвиден ниту еден проект во буџетот за 2021 година за општините Чаир и Сарај. Освен една фазна реализиција склучена од претходни години, а во 2021 година било нешто што се работело со меѓуопштинска соработка.
Од оваа година проектите што се ставени во буџетот се веќе отпочнати и склучени договори за реалзиација со огромни суми со што значително го лимитираат опсегот на тоа што можеме ние да направимедополнително за следната година. Ние ќе бидеме фокусирани на проекти поеднакво да има во секоја една општина, рече Арсовска на денешниот брифинг.
Во планот за реализација вклучени се планирање и проектирање на кејот на Вардар почнувајќи од Сарај, Ѓорче, Карпош се до Ново Лисиче, мега паркови во 5 општини, проектирање на кружниот тек на влезот на Скопје кај Сарај, програми и прокети за осветлување, чистење, санација на улици.
Дел од започнатите проекти ќе мора да се реализираат
Од наследените проекти кои ќе мора да се реализираат се мостот АСНОМ и фазата која ја работи кај Ист Гејт Мол, фазата на булеварот Борис Трајковски од Пинтија до Маркова река, клучката на Момин поток со кружниот тек, дел од изградбата на рекострукција на атмосферкса и фекална канализација на булеварот Киро Глигоров.
Ќе се прокетира и ќе се разработи физибилити студиа со основни проекти за кружниот тек кај Сарај, ќе се започне со проектирање на булевар „Словенија“ на потегот од вкрстувањето со булеварот „Никола Карев“, ќе се распишуваат повеќе јавни набавки за реконструкција на улици, тоа се долж на улиците булевар АСНОМ на потегот од „Февруарски поход“ до булевар „Србија“. Реконструкција ќе има на улица „Радишанска“, „Христо Татарчев“, „Нардони Херои“ до кружниот тек со булевар „Србија“, улицата „Перо Наков“, улицата во Волково, улицата „Фрањо Плус“.
16 македонска бригада, вкрстувањето на „Александар Македонски“ кај Шумарски факултет, треба да се направи „Февруарски подход“, мостот на Феврусрски поход и спојување со улицата маџари, односно преминот од општина Аеродорм во општина Гази Баба.
Нова проектна документација има за проширување на улицата „Лука Геров“ и спојување со улица „Волковска“ и „Шарпланинска“.
За мостот на Љубљанска, градоначалничката вели дека договорот таму е склучен, меѓутоа поврзувањата од едната и од другата страна не се направени воопшто, за таму ќе треба да се планира и да се обезбедат средства, практично за приклучоците. Улицата Есенинова за која беше најавено дека со крајот на август месец ќе биде пуштена за употреба, ќе се довршува во мандатот на Арсовска. Булеварот Тодосиј Гологанов исто така е дел од капиталните иневстиции со што ќе доживее реконструкција.
Универзална сала ќе добие само надворешна реконструкција, за внатрешниот дел ќе се почека
Проектот за Универзалната сала породлжува, првата фаза со парите овозможени од Владат. Во моментов се прави одредена измена на проектната документација и проектот ќе се заврши согласно договоро склучен со изведувачот, уверуваат од Град Скопје. Рокот е продолжен за уште 50 до 60 дена, до пролет би требало да е завршен, додека за втората фаза нема проектна документација. Засега велат од Град Скопје ќе се почека да се види дали ќе може да се обезбедат средства , бидејќи градот е задолжен.
Скопје ќе добие Луна Парк на есен
Во моментов се изработува прокетна документација за Луна паркот. Од градот велат дека наследиле 7 реквизити кои треба да се постават, согласно претходно склучени договори истите се задржани во прокетното решение и дополнително има уште 20 кои треба да се тендерираат и треба да се набават. Предвидено е по Новата Година со новиот буџет да се отпочне прво со партерно уредување, вградување на елементите кои се веќе набавен, а потоа набавување на останатите реквизити кои постепено ќе бидат вметнати во новиот Луна Парк. Следната година, на есен ќе има Луна Парк. Во првата фаза на спроведување на проектот за Луна Парк не е предвидено да се рушат дикотеките.
Новогодишната забава на плоштад е оставена во рацете на општетсвено одговорните компании
На новинарско прашање кои изведувачи ќе настапат на плоштадот оваа година за Новата година, градоначалничката Арсовска кратко одговори, дека опшествено одговорни компании ќе обезбедат да има прослава за Нова Година.
Загадуавњето не е само проблем на градот, туку и на централната власт
Централната власт треба посериозно да преземе мерки поврзани за она што го гледаме сега, а е извесен аларм. Препораките кои ги издава Град Скопје, дел од нив се и обврски на централната власт, рече Арсовска на денешниот брифинг со новинарите.
„Не може градот да е виновен за нешто што тие не го сработиле во изминатите четири години. Јас од централната власт би побарала отчет, еко таксата за што се користи, зошто сме помеѓу најзагадените градови во Европа и во светот. Градот има лимитирани можности и со нив ќе направи се што е можно најдобро за сите граѓани. Централната власт е таа која треба да каже каде одат еколошките такси. Потребна е соработка помеѓу централната и локалната власт, но и коезистентност на ставовите“, вели Арсовска.
Таа потенцираше дека додека е таа гардоначалник, исчистени се 120 депонии во градот, при што истите се затворени и оградени да не може повторно да се фрла шут, воведен е целосен систем за мониторинг да може да се следи и преку ден и пркеу ноќ, пријави и излегување на терен со граѓаните, неселктивни казни. Отпочнати се вонредни инспекциски надзори по индустриски капацитети секој ден, вели Арсовска и тоа ќе биде пракса во следните неколку месеци и истакна дека во изминатите две години направени се 5 инспекциски надзори на инспекторатот за животна средина.
Таа истакна дека дел од мерките кои се користеа за намалување на загадувањето на градот како што се субвенциите за чистење на оџаци и за инвертери ќе продолжат.