Повеќе пари за изградба на улица и патишта, изградба на паркови и детски игралишта, реконструкција на спортски терени, повеќе средства за децата, се предвидени во буџетот на Општина Карбинци за идната година.
Советот на Општина Карбинци на третата седница го усвои буџетот за 2022 година, проектиран на 138 милиони денари. Градоначалникот Виктор Паунов, смета дека буџетот е развоен и насочен кон проекти кои што ќе нудат решавање на проблемите на граѓаните.
„ За тековно-оперативни расходи имаме околу 85 милиони денари. Капиталните расходи ќе бидат околу 52 милиони денари. Најголеми ставки во овој буџет ќе бидат за изградба на улици и патишта,“ образложи Паунов.
За наредната година планирани се средства и за новороденчиња, првачиња и средношколци.