Општина Дојран на последната седница на Југоисточниот -плански регион потпиша договор за уредување на туристичката патека. Патеката ќе се простира од ресторан Гранико до граничниот премин Дојран.

Во рамките на проектот се предвидува расчистување и уредување, одбележување на паркинг места и секако изградбата  на пешачката патека во должина од 1285 метри.

„Развиваме нова туристичка зона во општината, создаваме нов простор за рекреација на дојранчани и на нашите туристи и поттикнуваме на нови навики во природата,“ вели градоначалникот на Општина Дојран Анго Ангов.

фото-ФБ