Од ЈП Паркови и зеленило информираат дека од денес започнале со акција за средување на тревниците во Градскиот парк.
„Со зголемен број на работници од останатите пунктови како и дополнителна механизација ги засиливме екипите со цел побрзо и поефикасно расчистување на целата тревна површина во паркот.Акцијата ќе трае до крајот на неделата сѐ додека целосно не се исчисти паркот“, стои во објавата на Фејсбук на ЈП Паркови и зеленило.
Фото: Фејсбук ЈП Паркови и зеленило