Исчистена и дивата депонија на крајот на булеварот Илинден во населбата Карпош 4, информираат од Град Скопје.
„Ова е само продолжение од проектот на новата градска администрација за чистење на дивите депонии на територија на градот Скопје. Покрај тоа на ова место се поставени и столпчиња, како камионите и останата механизација не би можеле повеќе да пристапуваат. Со чистењето на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијална опасност од загадување на подземните води и почвата“, информираат од Град Скопје.