Во соработка со општина Кисела Вода е исчистена една од најголемите диви депонии во оваа општина, во близина на цигланата во Драчево од каде беа отстранети повеќе од 300 кубни метри шут и друг кабаст отпад, информираше на својот Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.
Данела вели Скопје ќе биде чист, зелен град без диви депонии, а за секој оној кој ја загадува животната средина и со тоа го загрозува и здравјето на скопјани ќе биде санкциониран без селективност.
Град Скопје продолжуваме со чистење на мапираните диви депонии низ населените места на повеќе локации во Скопје. Целосно е исчистена дивата депонија во скопската населба Крњево, недалеку од центарот на градот.
„Градот Скопје веќе исчисти 120 диви депонии во првите 30 дена од мојот мандат. Со санацијата на дивите депонии на подрачјето на Скопје каде вообичаено се согорува отпад, значително ќе се придонесе за намалување на аерозагадувањето, како и ќе се елиминира потенцијалната опасност од загадувањето на подземните води и почвата.
Скопје без диви депонии е еден од главните проекти на кој активно работиме, во соработка со општините и јавните претпријатија под Град Скопје“, напиша Арсовска на Фејсбук.
Исто така целосно е исчистена дивата депонија во Карпош на улицата Марк Твен.