Централното градско подрачје, плоштадот Македонија, улицата Димитрија Чуповски и булеварот Илинден од вчера забрзано се украсуваат со новогодишни украси во пресрет на новогодишните празнувања. Денеска се поставува и новогодишната елка што за новогодишните празници ќе го украси плоштадот „Македонија“, информираат од Град Скопје.
Новогодишното украсување на градот во согласност со најавите и меморандумот се реализира без застој и нема да има никакви финансиски импликации врз буџетот на Град Скопје.