Добредојдовте во вториот по ред Неделен бриф посветен на Град Скопје за овој последен месец декември од 2021 година. Фокусот го ставаме на следните активности спроведени во главниот град:
*Започна новогодишното украсување на градот
*Во првите 24 часа се процесирани 51 барање од граѓаните преку 24@skopje.gov.mk
*За првпат пренос во живо на седница на Совет на Град Скопје
*На барање на градоначалничката Арсовска е зголемена паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа
*За БРТ испланирале да потрошат 70 милиони евра без одлука на Совет на Град Скопје, а не се консултирани ниту граѓаните, вели Арсовска
*Бесплатниот јавен превоз ќе се одвива по етапи, ќе се работи на набавка на електрични автобуси