Жените од општина Конче ги кажаа своите проблеми на градоначалникот Златко Ристов и побараа решение за истите. Поголемо учество во креирањето на буџетот и одлучување на локално ниво, се дел од нивните барање.

 

„Жените на Oпштина Конче доставија барања за сите нивни проблеми кои негативно влијаат на нашата локална заедница. Нивната цел е да го подобрат животот на жената која секојдневно е соочена со големи предизвици, а воедно и животот на сите жители.

Исто така побараа истите да бидат дел од програмата и буџетот на Општина Конче.

Јас како градоначалник на Општина Конче ги подржувам и ќе настојувам сите нивни барања да бидат исполнети, информираше градоначалникот Ристов.