Три улици во Македонска Каменица добиваат ново парковско уредување, за што изминатата недела започнаа активностите на терен. Станува збор за улици од централното градско подрачје, каде дополнително придонес во осветлувањето дадоа и две спортски друштва – Спортско планинарско алпинистичкото друштво „Царев Врв -Руен” и Ловното друштво „Македонска Каменица-Саса”.
Од Македонска Каменица и веста дека деновиве привршува изградбата на новата водоводна линија во населбата Павлиш Дол.
Градоначалникот Димче Атанасовски рече ова е значаен проект за жителите на селото, кои добиваат чиста вода за пиење за жителите од оваа населба.
-За да се обезбеди чиста вода за пиење неопходно беше поставувањето на нов резервоар за вода со хлорна станица, хидрантска мрежа и приклучни шахти кои се поставени на проектираната водоводна линија која е долга 2.370 метри, изјави Атанасовски.
На оваа активност претходеше реконструкција и проширување на сегашниот дренажен зафат за вода. Средствата во висина од 10 милиони денари се обезбедени од Буџетот на општината.