Изминатава недела во Општина Карбинци се чистеше најголемата депонија на нејзина територија. Десетици тони ѓубре, градежен шут ќе завршат под земја. Отстранувањето на депонијата била една од ветувањето на градоначалникот, Виктор Паунов. Депонијата беше една од најголемите еколошки проблеми во општината.


-Почнуваме со уредување на депонијата во непосредба близина на селото Карбинци. Ова е прва фаза. Треба да ги уредиме се до следната фаза, кога ќе донесеме одлука за дислокација на овие депонии, вели Паунов.
Во оваа мала општина има и голем број на мали диви депонии, кои треба веднаш да се уредат. Вакви мали депонии, кои што ја наградуваат и загадуваат животната средина а има покрај селата Карбинци, Таринци и Аргулица.