Дојран добива уште една туристичка атракција. После долги години, извршена е конзервација на ,,Турската бања” (Амам) и е ставена во функција за посета.
Целиот проект се реализираше со средства обезбедени од ИПА прекуранична соработка со општина Невестино, Р.Бугарија,.Во овој проект кој беше во пакет со реконструкција на „Саат кулата”овозможи и изградба и пристапните патеки до двата објекти.
„Збогатувањето на туристичката понуда и туристичките содржини е еден од врвните приоритети на општина Дојран, заради зголемување на атрактивноста и опсегот на една туристичка сезона,“ информира градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов.
„Саат кулата “официјално беше пуштена и промовирана на денот на општината, 5-ти Ноември.