Од името на карневалџиите, претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов, денеска, му го врати клучот од градот на градоначалникот Коста Јаневски, кај кои беше од започнувањето на карневалските празнувања. Со враќањето на клучот завршува годинашното издание на Струмичкиот карневал 2018.
Градоначалникот и Организациониот одбор изразија заедничко задоволство од реализацијата на годинашните карневалски празнувања, што им дава поттик до година да вложат уште повеќе во новото карневалско издание. Инаку, во фоајето на центарот за култура „Антон Панов“, а во чест на денешниот празник Тримери, беа одбележани тримерските обичаи со традиционалната тримерска трпеза и со песните на „Распеани струмичани“. Со градоначалникот Јаневски беше и неговиот денешен гостин, министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство, Љупчо Николовски. Ансамблот „Тримери“, со концертот кој ќе го одржи во домот на АРМ со почеток во 19 часот и официјално ќе го затвори Струмичкиот карневал 2018.