„Скопјани нема да бидат ниту тажни, ниту оштетени“, изјави денеска градоначалничката на општина Град Скопје, Данела Арсовска на брифингот со новинарите, како одговор на новинарско прашање дали градот за новогодишните празници ќе остане не накитен, откако вчера информираа од градот дека е раскинат договорот со фирмата „Линк медиа плус“ во редност од 243.000,00 евра.

Таа потенцираше дека фирмата одбива да биде информирана за раскинувањето на договорот, но тоа не значи дека градот ќе биде тажен, туку само граѓаните нема да ги чини 250 илјади евра. Таа истакна дека со оглед на енегретската криза, можни се рестиркции со гаснење на уличните светла, со што новогодишните сијалици и украси нема да имаат можност да светат.

За можни пенали кои Градот Скопје ќе ги плаќа со оглед на раскинувањето на договорот, Арсовска рече дека тоа зависи од другата страна, дали фирмата ќе направи нешто во интерес на граѓаните, но верува дека ќе се најде решение за скормно прославување на Новата Година, но тоа да не чини 250 илјади евра.


Во однос на БРТ превозот, кој беше главен адут на претходникот на Арсовска, таа истакна дека најпрво сака да одржи состанок со сите инволвирани страни во проектот и да се разговара за деталите и опциите. Но она што таа го потенцираше е дека БРТ нема да се прави, туку ќе биде фокусирана на она што таа го понудила во нејзината програма и за што скопјани и дале мандат.

На брифингот со новинарите таа истакнa дека свесна е за состојбата со јавниот превоз во главниот град, односно дека е во ужасна состојба и тоа години наназад, но сето тоа Арсовска го препшува на лошто менаџирање на претпријатието.

Во Град Скопје ќе се прави е анализа каде и за што се потрошени парите од продажбата на Градската куќа во вредност од 20,5 милиони евра, бидејќи како што брифираше градоначалничката Арсовска, парите се веќе потрошени.

Во однос на јавните претпријатија вели не може да се очекува некој што лошо менаџирал, следното утро да се разбуди и тоа добро да го прави, со што алудираше на тоа дека некој од претпријатијата под надлежност на градот ќе добијат и нови директори.

Арсовска истакна дека таа ќе работи поинаку, со политиката настрана, одлуките кои ќе ги носи ќе бидат човечни, институцијата  департизирана, а тимот со кој ќе работи базиран на професионалност. Потенцираше дека до новото работно место  – општината, таа доаѓа сама, или пак ја носи нејзиниот сопруг.

Ќе се залага за седниците на Советот на Град Скопје да се одвиваат во живо, за да можат граѓаните да ги следат. Таа очекува соработка со сите 45 советници, и како што рече сака да биде фактор на обединување во интерес на граѓаните.