ЈП Лајка утрово сподели видео од атмосферата во стационарот каде се гледа дека животните кои привремено се сместени таму уживаат во сите благодети кои ги нуди ова претпрјатие.
Кутрињата кои чекаат нов сопственик, радосни и задоволни играат во дворот, а доза за тоа е нивното весело мрдање на опавчињата.
Доколку сте љубител на кучиња, тие чекаат нов дом и сопственик, еден од нив е и Корини.
„Овој пресладок шармер има 1 година, среден раст е и со својот мил карактер знае да освои сечие срце. Сака да се гушка и гали, да ужива и игра во природа.
Има уредна крвна слика, негативен 4D тест, негативен тест на лишманија по акредитирана метода. Го добивате со пасош, кастриран, прочистен од внатрешни и надворешни паразити, чипиран, вакциниран против беснило и заразни болести, избањат и со стекнати хигиенски навики.Вдомувањето е бесплатно“; стои во описот за Корини.
Веќе во сабота ЈП Лајка го споведува традиционалниот отворен ден за сите волонтери. Отворениот ден е од 11 до 14 часот.