Во видео архивите за Град Скопје, постои и видео снимката од првата слоница која била жител на скопската Зоолошка градина. Ова видео е можеби и единствената снимка од слоницата Анка, снимена во месец јули 1975 година.
Слоницата Анка долги години била жител на зоолошката што дури и доживеала длабока старост и била миленичка на сите посетители. Анка била индиска слоница која живеела од 1964 до 1992 година.
По долги 24 години, Зоолошката градина Скопје во палетата на жители повторно се збогати со две слоници, тоа се сегашните жителки Дуња и Даела.
Од Зоолошката градина информираа дека во зимските месеци ноември, декември, јануари и февруари работното време на Зоо Скопје е од 09:00-16:00 часот.