ЈП Лајка изминатиот период успешно спроведува вдомување на улични кучиња надвор од нашите градници. Неодамна беа вдомени кучиња за прв пат во Обединетото Кралство.
Од ЈП Лајка на својот Фејсбук профил ја објавија успешната приказна на Вил кој сега е државјанин на Англија и каде ги ужива сите животински права.
„Вил е едно од седумте кученца кои беа фрлени пред Лајка уште додека се градеше.
По хуманиот третман, денес ужива во својот нов дом во Англија.Те сакаме Вил и ти посакуваме многу среќа“, напишаа од ЈП Лајка.