Градот Скопје во соработка со УНДП го уреди вториот зелен покрив во строгиот центар на градот – покривот на Домот на културата „Кочо Рацин“, попознат како Домот на градежници.
Според проектот, на површина од речиси 400 квадратни метри се засадени над 30 различни видови садници – дрвја, средно и ниско зеленило кое е функционално распоредено, има тревна површина и вертикално зеленило на ѕидовите, а поставени се и клупи и канделабри.
Запуштениот и руиниран покрив на Домот на градежници во Стратегијата за климатски промени на проектот „Отпорно Скопје“ беше препознаен како едно од неколкуте „урбани топлотни острови“ кои влијаат на зголемување на просечната температура во градот.