Старо-новиот градоначалник на Општина Дојран од денес и официјално со нов четиригодишен мандат.
„Денес од Општинската Изборна Комисија ми беше доделено Уверение со кое официјално го добивам четиригодишниот мандат да ја предводам Општина Дојран“, напиша Ангов на својот ФБ профил.
Тој уште еднаш им се заблагодари на своите сограѓани за довербата која му ја дадоа за да ја води општината и наредните четири години.
Уверенијата од ОИК, ги добија и советниците. Од вкупно девет советнички места, пет се на СДСМ, четири на ВМРО-ДПМНЕ.