Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и новоизбраните советници во советот на општина Крушево денес ги примија уверенијата за новите функции.
Старо – новиот градоначалник им честита на новоизбраните и им посака успешна работа без ограничувањата кои ги носат партиите.
„Ви честитам на сите и ви посакувам вашата работа да биде запаметена. Сега наш интерес е Крушево и сите сме од една партија. Со среќа!“, порача градоначалникот Христоски.
Советниците меѓусебно си честитаа и се очекува конститутивната седница да се одржи во најбрз можен рок.
Новиот состав на советот на општина Крушево за периодот 2021 – 2025 година е состои од 6 советници од коалицијата предводена од СДСМ, 4 од ВМРО ДПМНЕ и 1 советник од Алијанса за Албанците.