Кандидатот за градоначалник на СДСМ, Анго Ангов ќе ја води општина Дојран и следните четири години. На Локалните избори во неделата Ангов освои 53,21% од гласовите на дојранчани или вкупно 1060 гласови.
Негвиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, Филип Дончовски, освои 40,26 % од гласовите, или 802 гласа.
Свој кандидат за градоначалник имаше и ПОДЕМ, Зоран Веселиновски, кој освои 2,5% од гласовите или 51 глас.
И во Советот на Општина Дојран ќе го има СДСМ и Коалицијата. Тие освоија 45,93% од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ 40,81 %. Потоа следува Левица со 4,62% и ПОДЕМ со 2,76%.