Сите граѓани кои не биле во своите домови кога попишувачот дошол да ги посети или пак поради други причини немале можност да се попишат досега, ќе можат тоа да го сторат во канцеларијата на Пописната комисија, која се наоѓа во општинската зграда.
– Пописната комисија за реон 16, за општините Штип и Карбинци, ги известува граѓаните дека пописот на лицата кои од различни причини не се поопишани, ќе се врши во општинската зграда во Штип, во сала на општина Штип од 08- 20 часот, заклучно со 30.09.21 година. Телефон за пријавување за пописот 075 477 164, информираат од Општината.