Градоначалникот на Град СКопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил објави фототографии од булеварот Крсте Мисирков кој е веќе е пуштен за употреба по неговата реконструкција која траеше 16 дена.
„Со вчерашното ноќно бележење на новиот реконструиран коловоз на бул. Крсте Мисирков, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена, од потегот кај раскрсницата кај Мавровка до мостот Мајка Тереза, во близина на МАНУ. Ова е уште една потврда дека може да се работи брзо, ефикасно и квалитетно во интерес на граѓаните“, напиша Шилегов.