Општината Крива Паланка распиша конкурс за доделување на наградите „8-ми Октомври“, „Почесен граѓанин на Крива Паланка“ и „Признание за особени постигнувања и придонес за развојот и афирмацијата на Општина Крива Паланка“ за 2021 година.
Наградата „8-ми Октомври“ на Општината Крива Паланка се доделува на физички и правни лица од Општината Крива Паланка и од Република Северна Македонија во знак на општествено признание за особени постигнувања во стопанството, науката, уметноста, културата, спортот, воспитанието и образованието, заштитата и унапредување на животната средина и природата, како и во други области на трудот и творештвото од значење за развојот на Општината и нејзина афирмација во Македонија и во светот. Наградата „8-ми Октомври“ покрај на физички и правни лица се доделува и на ученици и студенти за творечки труд или за континуирани успешни резултати во наставни и воннаставни активности. Наградата се доделува за остварувања во период од една година до објавување на конкурсот, како и за подолг период на работно и творечко ангажирање. Наградата се доделува на поединци, група творци, правни лица, ученици и студенти.
Предлозите во 3(три) примероци се доставуваат исклучиво до архивата на Општина Крива Паланка, адреса ул. Св.Јоаким Осоговски бр.175 Крива Паланка до 28.09.2021 година до 15 часот.
Повеќе информации на линкот.