Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и началникот на Секторот за внатрешни работи – Струмица, Танчо Пројковски со своите соработници одржаа работен состанок на кој се разгледуваше актуелната состојба со безбедноста на граѓаните и јавниот ред и мир во Општината.
Целта на состанокот беше во заедничка соработка и координација, иститите да се подигнат на повисоко ниво во овој период од годината, односно, пред новогодишно-божиќните празници. По разгледувањето на состојбата од сите аспекти, а поврзана со безбедноста на граѓаните, присутните на состанокот донесоа конкретни заклучоци и насоки за нивно спроведување.
Поради очекуваната зголемена фреквенција на луѓе и возила пред новогодишно-божиќните празници, надлежните служби на општина Струмица и СВР Струмица во следниот период ќе имаат заеднички зачестени контроли и интервенции во делот на паркирањето на возилата, узурпирањето на тротоарите и останатите јавни површини не само од возила, туку и од останатите видови на узурпација.
Затоа се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не ги узурпираат јавните површини и да го почитуваат јавниот ред и мир.