Скопје доби уште еден нов „Легален ѕид – Legal Wall” во должина од 70 метри, во општина Кисела Вода, во населба Пинтија, на булевар Борис Трајковски.
„Особено сме горди дека Град Скопје, кој воедно е кандидат за европска престолнина на културата 2028, ја даде својата целосна поддршка за уште еден проект кој е од особена важност во развивање на урбаната култура во Скопје и отворање на нови простори за креативно изразување и развој на уличните уметници“, информираат од Град Скопје.
Иницијативата за назначување на легални ѕидови во градот ја разви тимот на СКОПЈЕ 2028 во соработка со претставници на скопската графити сцена. Првите два легални ѕида се назначија од град Скопје во јули годинава.