Нова детска градинка со капацитет за 60 деца ќе се гради во светиниколското село Ерџелија, што ќе биде прва градинка во рурална населба во Општина Свети Николе.
Во четвротокот во Министерството за труд и социјална политика беше потпишан договорот за изградба на новата градинка во Ерџелија.
-По 40-тина години обезбедуваме изградба на нов објект од ваков вид, а за прв пат во една рурална населба.Продолжуваме со грижата за нашите најмали скулпторите на нашата иднина, сега и во руралните средини, соопшти градоначалникот Сашо Велковски.
Инвестицијата е во висина од 32 милиони денари, средства од државниот буџет, преку програмата на Министерството за труд и социјална полоитикла.
Новата градинка во Ерџелија се очекува за биде изградена во наредните 14 месеци.